За нас

Алфа Импорт е компанија, формирана во 1995та година. Компанија која од своите почетоци па се до денес постигнува брз и континуиран развој, во кој свој период на 28 години успешно работење на македонскиот пазар воспоставува нови стандарди во областа на продажно-дистрибутивното работење со градежни материјали.
Алфа Импорт постигна голем развој во делот на висококвалитните градежни решенија, овозможувајќи денес, компанијата да нуди иновативни градежни солуции, кои ги задоволуваат и највисоките еколошки и енергетско-ефикасни барања.
Полето на делување на Алфа Импорт опфаќа дистрибуција на сите стоваришта, магацини за градежни материјали и градежни компании во Република Македонија.
Нашата компанија има прифатено современи процеси на работа кои генерираат ефикасно, ефективно и успешно деловно работење и високо развиена свест за грижа и заштита на животната средина. Процеси кои ги овозможуваат нашите најголеми компаниски вредности на стабилност, долгорочност, сигурност, истрајност во градењето, доследност во нашата работа како и висок квалитет на сите наши производи.

Алфа Импорт – Вашата градежна солуција

Уште во самите почетоци, нашата компанија се позиционираше на пазарот како стручно-ориентирана компанија, која професионално се занимава со работи од областа на градежништвото и трговијата со градежни материјали.
Денес кон сите наши потрошувачи и клиенти, дејствуваме со големо внимание, искрено, одговорно и посветено се со цел да ги задовoлиме сите нивни барања.
Главна дејност нашата компанија е увоз, продажба и дистрибуција на големо со висококвалитетни градежни материјали, покривни системи (глинени и бетонски ќерамиди), фасадни и силикатни тули, материјали за градба (термоблокови, гасбетонски и силикатни блокови, гитерблокови, ферт каналици, ферт монти, вентилациони блокови), термоизолација (камена минерална волна, стаклена минерална волна, кровни фолии), хидроизолација (хидроизолациони битумнески траки, битулит, хидроизолациони мембрани) и градежни лепила/малтери (акрилни бели/сиви лепаци за плочки).
Нашиот магацин за градежни материјали се наоѓа во Скопје, сместен во Источната индустриска зона-Маџари – Стовариште “Туртел”

СО АЛФА ИМПОРТ ДО ЕФИКАСНА ИЗГРАДБА НА ВАШАТА ИДНИНА

За ефикасно градење од големо значење се градежно физичките карактеристики, издржливоста, стабилноста, коефициентот на топлинска спроводливост и заштитата на животната средина, како и градежните активности во однос на начинот на ѕидање кој може да биде изведен со користење на различни техники. Ние сме тука да ви ги понудиме најдобрите.