7 Причини зошто треба инвестирате во изолација

Вреди да се напомене дека над 70% од Македонските домови се или неизолирани или несоодветно изолирани, па ние мислиме дека е важно да се идентификуваат причините зошто треба да се инвестира дома во изолација, подобро порано отколку подоцна.
-
Поеколошки – Се користи помалку енергија, со што се намалува емисијата на јаглерод.
-
Заштеда на пари – Со намалување на загубата на топлина и правејќи го вашиот дом енергетски поефикасен, веднаш ќе започнете со заштеда на пари од 25 %.
-
Вашиот дом станува потопол и поудобен.
-
Тоа е ефективен начин за да се подобри енергетскиот рејтинг на вашиот дом
-
Со тоа ќе додадете поголема вредност на вашиот дом.
-
Здравствени придобивки – Со потопла атмосфера, и дом без мувла на ѕидовите, инвестицијата во изолација нуди значајни здравствени придобивки.
-
Враќањето на инвестицијата за изолација на домот може да биде за помалку од 3 години