alfaimport@gmail.com / +389 2 3064 404/ +389 78 434 462/ Eastern Industrial Zone – Madjari warehouse “Turtel”, 1000 Skopje

Lajme

Изведување на хидроизолација

Во пракса често се случува изведувачите на еден вид работа при градење на објект, да мораат да ги поправаат недостатоците кој се појавуваат како грешки, незнаење или од немарност на своите предходници на градилиштето. Во тоа светло, положбата на хидроизолатерите е најнеповолна – ниту едни наредни работи не можат да ги исправат нивните грешки, напротив, најчест случај е нивната работа да ги загрозува операциите во следните фази на градење: ѕидарските, земските, армирачките работи итн. Ваквиот случај најчесто говори за матерјалите со многу послаби механички карактери во однос на други присутни во фазите на изградбата (челик, бетон, камен, итн). Како додаток, секоја интервенција на ѕидната површина, ископаниот обод или самото тло, како и нивните оштетувања, можат да се поправат релативно лесно без последици по стабилноста на објектот. Многу е потешко да се санира оштетената хидроизолација, многу често е и невозможно.

Важно е да се нагласи дека хидроизолационите материјали можат да се применуваат само на тие места и на тој начин кој гарантира исполнување на нивната функција. Како и секогаш во градежништвото, единствено со познавање на различни системи, начини на градење, предности и недостатоци и секако цената, проектантот може да избере најоптимален материјал или комбинација на материјали.

Поставувањето на хидроизолацијата подразбира внимателност на непосредните изведување – самите изолатери, но и подоцна во подоцнежните фази, армирачи, бетонирачи, ѕидари и возачи на механизација, како и строг надзор на градилиштето. Најчест случај е да надзорот го врши самиот дистрибутер, продавач или производител на материјалите зошто само на тој начин може да биде сигурен да е неговиот производ добро поставен и дека беспрекорно ќе си ја врши својата улога.