info@alfaimport.com.mk / +389 2 3064 404/ +389 78 434 462/ Источна Индустриска Зона - Маџари, Складиште "Туртел", 1000 Скопје

Новости

Вложување во термоизолација е многу исплатливо

Потрошувачката не енергија кај крајните корисници во Македонија е четири пати повисока во однос на земјите од ЕУ. Евидентно е дека мора многу да се работи на подобрување на енергетската ефикасност и рационална потрошувачка на енергија. Од вкупната енергија најголем дел се троши во објектите, особено во станбените објекти. Подобрувањето на енергетската ефикасност е една од обврските на земјата на патот кон ЕУ. Во енергетски ефикасните куќи животот е покомфорен и поевтин. Заштедата на енергија носи пониски сметки за електрична енергија и греење. Европските искуства покажуваат дека вложувањата во енергетска ефикасност може да влијаат на зголемување на БДП и до 1% годишно. Иако се потребни значителни средства, се работи за инвестиции речиси без никаков ризик, и краток период на враќање на вложените средства. Вложувањето на инвестицијата се враќа за период до три години.

Од нашата продажна програма за термоизолација можеме да Ви предложиме:

  1. Knauf Програмата вклучува материјали за изолација, камена волна, стаклена волна, екструдиран полистирен (стиродур), експандиран полистирен (стиропор), полиуретан фургон, паропропусни водонепропусни кровни фолии и техничка изолација за цевки.

  2. Ursa програмата опфака топлинска и звучна изолација од минерална стаклена волна. URSA GLASSWOOL е оптимално решение за пријатна клима за живеење во згради и не е штетна за здравјето. Еластичните стаклени влакна преплетени во изолациски филц или плоча, обезбедуваат оптимална комбинација од топлинска и звучна заштита.